Довициозо заврши во болница откако му се запали Дукатито, Ринс подобар од Маркез во фото-финиш за паметење (Видео)

markez-rins

Трката за големата награда на Велика Британија донесе нов спектакл во Мото ГП шампионатот, па ако пред две недели Андреа Довициозо го доби лудиот дуел со Марк Маркез, денеска како поуспешен од светскиот шампион се покажа Алекс Ринс.

Двајцата Шпанци водеа фасцинантна битка до последниот метар, а помладиот Ринс ја доби битката во фото финиш, пред се поради тоа што влезе во свиокот од внатреншата страна. На крајот, Ринс беше побрз од Маркез за 13-илјадити делови од секундата, добивајќи го директниот дуел со својот сонародник.

Ринс на овој начин стигна до својата втора победа во кариерата во најсилната класа (по онаа во Тексас), додека Маркез иако не може да биде задоволен од новиот загубен директен дуел, сепак е голем добитник од оваа трка бидејќи сега има 78 бодови предност во однос на Довициозо. Италијанецот имаше страшен пад заедно со Квартарто и заврши во болница, па така Маверик Вињалес го освои третото место, додека Валентино Роси заврши четврти.

Facebook Коментари