Довициозо: Маркез често паѓа, тоа е мојата шанса

dovi-radost

Андреа Довициозо ќе има тешка задача на утрешната трка во Валенсија доколку сака да ја освои шампионската титула во Мото ГП, а покрај разликата од 21 бод, ситуацијата се искомплицира по квалификациите во кои тој ја обезбеди само деветтата позиција, додека лидерот Марк Маркез стигна до пол-позиција.

Италијанецот е свесен за своите можности, но верува дека Маркез може да остане без бодови на домашен терен.

– Немав блескави квалификации, но сигурен сум дека брзината не ни е проблем. Ќе се борам за место на пиедесталот, истовремено Маркез е многу брз, но често има инциденти и падови и тоа покажува дека сепак не сме толку далеку. Нема да се откажам до последен момент на трката, – ветува Довициозо.

Возачот на Дукати се бори за својата прва Мото ГП титула, додека Маркез има потреба од само пет бодови за да ја одбрани титулата освоена минатата сезона.

Facebook Коментари