Поврзете се со нас

Мото ГП

Довициозо итно закажа операција по несреќен инцидент на мотокрос патека

Објавено

на

Рестартот на сезоната во Мото ГП е закажан за 19-ти јули, но на три седмици пред да започнат новите возбудувања во „кралската класа“, пристигна една лоша вест од Италија.

Вицешампион во последните три години заработил скршеница на денешната мотокорс егзибиција, по што итно бил префрлен во болница, каде уште поургентно му било закажана операција.

По падот на патеката „Монте Корали“, Довициозо се здобил со скршеница на клучната коска, повреда која е многу честа во професионалниот мотоциклизам.

Поради комплексноста на истата, најдобро решение е брза операција, а истата доаѓа во најлошо време за Италијанецот, бидејќи сега ќе биде во трка со времето за да се појави на првата трка.

Во скратениот календар на Мото ГП, прва трка е онаа во Херез, па сега Дови ќе има навистина тешка задача да стигне навреме бидејќи на располагање има само 21 ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни