Поврзете се со нас

Мото ГП

Довициозо и Дукати најавија разделба: Разочаран сум, но ова е вистинска одлука

Објавено

на

Андреа Довициозо цели седум години е дел од тимот на Дукати, но на оваа долга врска полека и доаѓа крајот, откако двете страни денеска најавија дека по крајот на сезоната, Италијанецот нема да биде дел од фабричкиот тим на „црвените“.

Довициозо денеска го осови четвртото место во квалификациите за утрешната трка на Големата награда на Австрија, патека која одговара на карактеристиките на Дукати и затоа се очекува Андреа да биде далеку поконкурентен во трка, исто како и Џек Милер кој е на втората позиција.

По крајот на квалификациите, Довициозо даваше одговори за неочекуваниот развој на настаните, бидејќи крајот во Дукати, за него може да претставува и крај во Мото ГП бидејќи сите места во посилните тимови се пополнети.

– Нормално е новинарите да имаат прашања, но не е најдобро време да се зборува за мојата иднина кога имаме трка. Разочаран сум, но најдобро беше да ја донесам одлуката сега, а не да чекам и да се дефокусирам од она што е важно.

– Ова е добра патека за нас, брзи сме и очекуваме максимум на утрешната трка. Ова е вистинска одлука во вистинско време. Ја донесов оваа одлука за да бидам опуштен во борбата за титулата. Само сакам да се тркам, немам план Б. Во овој спорт може се да се случи, иако во овој момент нема место во друг тим, можеби понатака ќе се отвори, – изјави Довициозо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни