Довициозо победи во Сепанг и најави финална битка со Маркез во Валенсија

dovizioso2

Андреа Довициозо од тимот на Дукати победи на Мото ГП трката во Малезија и ја задржа неизвесноста во битката за титулата во елитното натпреварување.

Италијанецот во последните кругови водеше битка со својот клупски колега Хорхе Лоренцо, по една грешка на Шпанецот успеа да стигне до првото место, со што на најдобар можен начин профитираше од четвртото место на Марк Маркез.

Покрај за Довициозо и Лоренцо, место на подиумот имаше и за Јоан Зарко, Валентино Роси го освои седмото место, а Маверик Вињалес деветтото место.

Во пресрет на последната тра во Валенсија, Маркез има водство од 21 поен пред Довициозо, па последната трка ќе го одлучи новиот шампион.

Facebook Коментари