Свет
Довчерашен напаѓач на Баерн се сели во МЛС
МЛС клубовите и натаму се обидуваат да ангажираат квалитетни ветерани од најквалитетните европски лиги, а во иднина во американската професионална лига ќе настапува и довчерашен напаѓач на Баерн Минхен.
Се работи за Ерик Максим Чупо-Мотинг, кој еден период имаше важна улога во редовите на Баварците, но германскиот клуб не му понуди продолжување на соработката по крајот на сезоната.
Камерунецот остана без ангажман, а сега агентите му обезбедиле преселба во редовите на Њујорк Ред Булс, што значи дека ќе може да се соочи со играчи против кои играше и во Европа.
35-годишниот Чупо-Мотинг си обезбедил двегодишен договор со пристојни финансиски услови и ќе има нов предизвик во кариерата, во која настапуваше за неколку квалитетни европски клубови.
Пред да биде член на Баерн, Камерунецот настапуваше и за ПСЖ, Стоук, Хамбургер и Шалке 04.
-
Англија20 часа
Артета со ист проблем како Венгер, навивачите на Арсенал имаа интересни коментари (ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Ван Дер Варт за Мбапе: Тешко му е да прифати дека е „само уште еден играч“…
-
Свет19 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Свет18 часа
Кјелини за дебатата Меси или Роналдо: Ако треба да изберам еден за финале…
-
Италија17 часа
Лацио го исфрли Наполи од Купот на Италија (ВИДЕО)
-
Шпанија5 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Англија8 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
Евролига17 часа
Партизан со лекција за европскиот шампион, Барселона ја прекина црната серија во Евролигата