Поврзете се со нас

Италија

Довбик му одговори на Раниери со гол за победа на Рома (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ASRomaEN

Артем Довбик доби јавна прозивка од Клаудио Раниери по елиминацијата на Рома во Лигата на Европа, а очигледно ова влијаеше доволно позитивно врз Украинецот, кој денеска постигна гол за победа на „волчицата“.

Искусниот италијански стручњак посочи дека не е задоволен од залагањето и натпреварувачкиот дух кој го покажал Довбик на натпреварот против Атлетик Билбао, но истовремено посочи дека не се откажува од играчот кој лани беше откровение на сезоната во Ла Лига.

Довбик денеска имаше една лоша реакција и на самиот старт на второто полувреме, но неколку минути подоцна успеа да се поправи и со мирна завршница донесе предност за Рома.

Погодокот во 62-та минута се покажа како доволен за минимална победа против Калјари, а со тоа се продолжи импресивната победничка серија во домашното првенство.

Со новите три бода, Рома сега е на само минус четири од четвртото место на табелата, па слободно може да се каже дека „волчицата“ сега е и кандидат за пласман во Лигата на шампиони.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни