Поврзете се со нас

Македонија

Достаниќ: Ќе ни треба време за да ја доведеме формата на највисоко ниво

Објавено

на

Тимот на Работнички од вчера е на подготовки во Охрид каде веќе успеа да одигра и еден контролен тест против новиот прволигаш Пелистер.

„Романтичарите“ славеа со 2-0 со головите на Горан Силјановски и Џордан Ломба што секако го израдува стратегот Ратко Достаниќ, но Србинот смета дека допрва треба да го фатат посакуваниот ритам и форма пред почетокот на новата сезона.

-Среќен сум што повторно се вративме на теренот и одигравме натпревар после пауза од шест месеци. Ќе биде многу тешко да го вратиме натпреварувачкиот ритам кој го имавме на стартот од минатата полусезона. Мора да работиме, да тренираме жестоко и низ вакви квалитетни тест натпревари да ја доведеме формата на највисоко ниво, -истакна Достаниќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни