Поврзете се со нас

Македонија

Достаниќ и Работнички си подадоа рака за нов договор

Објавено

на

Српскиот стратег Ратко Достаниќ и во иднина ќе го води македонскиот фудбалски прволигаш Работнички.

„Романтичарите“ и Достаниќ имаат иста визија, концепција, па поради тоа искусниот стручњак ќе остане во Скопје во наредните две години.

-Клубот има стратегија за форсирање на млади фудбалери, а тренерот има желба да се вклопи во една таква концепција и со врвна работа и максимален професионализам кои се карактеристики на Достаниќ да стигнеме и до позитивни резултати, -порача претседателот на тимот од Дебар Маало, Драган Поповски.

Достаниќ го водеше Работнички во вториот дел од шампионатот и имаше одлични резултати, четири победи и едно реми (против Вардар) на петте првенствени мечеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни