Доскорешниот помошник на Раул во Вардар ќе му биде тренер на Манасков во Веспрем

vranjes

Унгарскиот гигант и во оваа натпреварувачка сезона влезе со големи амбиции, но откако почетните резултати не беа на посакуваното ниво раководството повлече чекор и го отпушти тренерот Љубомир Врањеш.

Некој десеттина дена потрагата веќе трае, но се чини веќе го имаме победникот или поточно новиот стратег на Веспрем и нашиот Дејан Манасков. Според информациите на специјализираниот сајт за ракомет „Хандбал Планет“, стратегот кој ќе го преземе унгарскиот вицешампион е Давид Дејвис Камара, човекот кој неколку сезони му беше помошник на Раул Гонзалес во Вардар, човекот кој едно време ја предводеше и женската екипа.

Тој веќе пристигнал во Веспрем и денеска ќе ги има завршните преговори, по што би требало да биде промовиран на новата функција.

Дејвис во моментов е селектор на Египет, па останува да видиме дали истровремено ќе ги извршува двете функции или ќе се откаже од „фараоните“.

Facebook Коментари