Поврзете се со нас

Англија

Доскорешната ѕвезда на Сити го оспори ставот на Гвардиола: Не е баш така како што прикажува во јавноста

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Пеп Гвардиола се обидува да биде максимално транспарентен и најчесто им дозволува на фудбалерите самите да си ја кројат судбината, па најчесто не им стои на патот кога решаваат да си заминат од неговиот клуб.

Шпанецот во неколку наврати има изјавено дека не планира да држи играчи кои со мислите не се во Манчестер Сити, а иако во неколку ситуации навистина беше така, Ајмерик Лапорт тврди дека Гвардиола сепак не им дозволил заминување на некои фудбалери кои сакале такво нешто.

Искусниот стопер го загуби своето место во стартната постава и реши да си замине по освоената триплета минатата сезона, па сега од Саудиска Арабија го оспори ставот кој Гвардиола се обидува да го наметне со години наназад.

– Гвардиола обично го вели тоа во јавноста, вели дека не сака да држи несреќни фудбалери. Само ќе ви кажам дека за неколку фудбалери не беше баш така. Не е така како што прикажува, но нема да навлегувам во тие работи.

– Јас одлучив да си заминам и ми беше дозволено да си одам. Тоа е она што ми беше важно. Имав опции и во Европа, но тоа не ме задоволуваше и сакав да искусам нешто ново, сакав да се исклучам од случувањата во Европа. Ми беше потребно друго сценарио, но постои шанса да се вратам со повеќе сила во Европа, – изјави Лапорт кој уште пред некое време призна дека не е најзадоволен од случувањата во Саудиска Арабија.

Довчерашната ѕвезда на Сити која замина во Саудиска Арабија: Ти ветуваат многу работи, а после…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни