Поврзете се со нас

Шпанија

Доскорешен фудбалер на Барселона ќе ја засили Валенсија

Објавено

на

Фудбалерот на РБ Лајпциг, Илаиш Мориба е пред враќање во Шпанија, откако не е задоволен од статусот кој го има во редовите на бундеслигашот.

Мориба се пресели во Германија од редовите на Барселона, но полусезона подоцна, очигледно ќе стане член на Валенсија.

Мориба се најде во комплицирана ситуација откако изнуди трансфер од Барселона и истовремено реши да настапува за Гвинеја наместо за Шпанија, а Валенсија сака да ги засили своите редови со него барем до крајот на сезоната.

РБ Лајпциг не сака да се откаже од талентираниот 19-годишен играч и затоа нема да вметне опција за откупување на договорот, иако досега овој фудбалер одигра само 100 минути во дресот на бундеслигашот.

Мориба настапуваше за Гвинеја на Африканскиот куп, но по елиминацијата на неговата селекција, сега е подготвен да им се врати на клупските обврски. Валенсија планира да му обезбеди соодветна минутажа посебно по најавеното заминување на Даниел Вас, па тоа е и главниот мотив поради кој фудбалерот би прифатил враќање во Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни