Поврзете се со нас

Франција

Доскорашниот капитен на Монако доби две казни поради сексуален напад

Објавено

на

Foto:twitter.com/AS_Monaco_EN

Висам Бен Једер до пред неполни две години беше редовен француски репрезентативец и важеше за убедливо најдобар играч на Монако, но откако го раскина договорот со клубот од „кнежевството“, западна и во голем скандал.

Искусниот напаѓач доби сериозни обвиненија за возење во алкохолизирана состојба и извршен сексуален напад, а откако самиот го призна делото и се извини за своите постапки и за кои не се сеќава, доби ублажување на казната од судот.

По првостепениот суд, денеска неговата казна ја потврди и второстепениот суд во Ница, па така доскорешниот француски репрезентативец е казнет со двегодишна условна казна и со одземена возачка дозвола во период од шест месеци.

Дополнително, Бен Једер секој месец ќе мора да дава извештај за своето движење додека служи условна казна, а неговото име ќе биде регистрирано и во системот на сторители на сексуални и насилни кривични дела.

Бен Једер и се извини на 23-годишната девојка над која извршил полов чин во алкохолизирана состојба, а истата прифатила да добие отштета од 5 илјади евра, како и дополнителни 1.500 евра за судски трошоци.

Висам во моментов има 34 години и е без клуб, па по последните случувања тешко дека ќе пронајде нова средина во фудбалската елита.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни