Балкан
Доскорашен играч на Академија Пандев ја направи глупоста на колото во фудбалска Србија (Видео)
Рестартот на српската фудаблска Суперлига ни донесе потврда на шампионската титула на Црвена Звезда, но во текот на денешниот ден и еден непотребен инцидент кој го исценира доскорешниот играч на Академија Пандев.
Марио Маслаќ играше за клубот од Струмица и беше дел од Првата македонската фудбалска лига во есенскиот дел од сезоната, но сега се „прослави“ во својата родна земја со глупоста на колото со кое се означи реактивирање на фудбалот во Србија.
Раднички Ниш со гол во 94-та минута успеа да израмни на 1:1 и се избори за бод на гостувањето кај Напредак, па така штетата која ја направи Маслаќ испадна доста поблага.
Спасител на дефанзивецот беше Стевановиќ, а претходно Напредак дојде до водство со погодокот на Гавриќ во 65-та минута.
Пред да се случи сето ова, на сцена стапи екс играчот на Академија Пандев, кој при еден дуел во шеснаесетникот, буквално му удри бокс на неговиот чувар. Судијата кој беше близу немаше друг избор освен да му покаже црвен картон, па сега Маслаќ сигурно ќе добие и пожестока казна од комисијата.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони15 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар