Поврзете се со нас

Македонија

Досегашен напаѓач на Тиквеш е шесто зимско засилување за Вардар (Фото)

Објавено

на

Вардар вчера ја информираше јавноста дека има закажно пет контролки за време на подготовките кои ќе ги одработи во Анталија, мини-турнеја на која ќе се приклучи уште едно, шесто засилување во зимскиот преоден рок.

„Црвено-црните“ се убедливо најактивни во завршната фаза од месец декември и до денеска потврдија пет засилувања, но сега го промовираа и шестото во името на Едиз Спахиу.

Досегашниот напаѓач на Тиквеш доаѓа во Вардар како засилување за нападот, а треба да се напомене дека 23-годишниот центарфор постигна четири погодоци на 18 натпревари кои ги одигра во првиот дел од сезоната.

И покрај тоа што е доста млад, Спахиу има повеќе од 100 настапи во Првата македонска фудаблска лига и носи потребно искуство со себе, а тоа ќе биде многу важно за Вардар во обидот да се избегне борба за опстанок.

Пред ангажманот на Спахиу, Вардар ги договори Мите Цикарски, Михал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски и Димитар Тодоровски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни