Досега необјавено видео: Хамилтон се смее додека го престигнува Фетел

fetel-izvrten

Луис Хамилтон и Себастијан Фетел имаа инцидент на Монца уште во првиот круг, но ако тоа можеа да го видат сите фанови кои го следеа преносот, сега пристигна едно комично видео кое предизвика голема смеа на социјалните мрежи.

Нема никаков сомнеж дека двата големи ривали ќе водат уште многу битки на патеката до крајот на сезоната, но на италијанското гран при, тие двајца имале и една необична „пресметка“ во пит лејнот.

Видеото пристигнува од една од квалификациските сесии, а во истото се гледа како растрчаниот Фетел беше престигнат од страна на Хамилтон кој со насмевка го управуваше својот електричен тротинет…

Facebook Коментари