Дортмунд во акција за нов напаѓач: Интересна опција за наследник на Обамејанг!

zapata

Бундеслигашот Борусија Дортмунд се очекува во овој преоден рок да остане без услугите на одличниот габонски напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг за кого наредна дестинација ако нема изненадување треба да биде Арсенал.

Тоа секако ќе остави голема празнина во таборот на „милионерите“ кои се во потрага по наследник за Обамејанг. Како опции се споменуваат Каспер Долберг, Оливие Жиру,  Мичу Батшуаји и Лаутаро Мартинез со тоа што информациите од Италија говорат дека на списокот е додаден Дуван Запата.

Колумбиецот кој има 26 години од поодамна е желба на Дортмунд, но тој сега преку Наполи и Удинезе дојде до Сампдорија каде сезонава има учинок од 6 голови, 5 асистенции на 16 натпревари.

Кој ќе биде изборот на клубот од „Сигнал Идуна Парк“ останува да проследиме, ако тоа биде Запата тогаш Сампрдорија ќе се обиде да го врати Едер од Интер.

Facebook Коментари