Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд со мајсторска акција во три потези ја реши тврдата Херта (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Борусија Дортмунд издвојуваа победа над Херта Берлин од 1-0 во последниот натпревар од денешната програма од 30. коло во Бундеслигата.

Херта знае да биде незгоден противник за „милионерите“ особено на дуелите кои се играат на „Сигнал Идуна Парк“, па така и беше вечерва каде домаќинот мораше добро да се испоти, помачи за да го оправда статусот на фаворит.

Клучниот момент се случи во 58 минува го избраниците на Фавр изведоа мајсторска акција во три потези-Санчо го проигра Брант кој пак одлично му ја спушти топката на Џан кој биеше прецизно за водство од 1-0 кое потоа се покажа како доволно за освојување на трите бода.

Дортмунд со 63 бода се зацврсти на второто место, првата позиција е резервирана за Баерн со 70 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни