Дортмунд се засили со супер талентиран дефанзивец

Manuel Akanji.

Во ситуација кога има многу гласини околу заминувањето на Пјер-Емерик Обамејанг екипата на Борусија Дортмунд ги засили своите редови со еден од најталентираните дефанзивци во Европа, Мануел Обафеми Аканџи.

Младиот Швајцарец блесна во дресот на Базел и го привлече вниманието на големите клубови со тоа што најбрзо до него стигна бундеслигашот кој за овој трансфер ќе плати 20 милиони фунти.

-Разговорите со луѓето кои се одговорни во Дортмунд направија да се чувствувам пријатно, па оваа одлука ја донесов со срце. Јас секогаш сум уживал со фудбалот кој го игра Дортмунд. Се радувам на моето време овде, ќе го дадам максимумот, порача Аканџи кој го зема дресот со бројот 16.

Facebook Коментари