Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд се предаде: Знаеме дека титулата ќе заврши во Баерн

Објавено

на

Екипата на Борусија Дортмунд не верува дека може да се случи „чудо“ и ја освои титулата во оваа сезона во Бундеслигата.

На пет кола до крајот на шампионатот „милионерите“ се на второто место на табелата со седум бода помалку од лидерот Баерн Минхен кој воедно е и бранител на пехарот во ова натпреварување.

-Мислам дека се кажавме по минатонеделниот меч со Баерн. Од наша гледна точка, титулата е решена. Не веруваме дека Баерн ќе се лизне, премногу се добри, тоа мораме да го признаеме. Во моментов сме втори и би сакале таму да завршиме, -порача спортскиот директорт на Дортмунд, Махаел Цорк.

Борусија до крајот на првенството треба да игра против Херта, Фортуна Дизелдорф, Мајнц, Лајпциг и Хофенхајм, додека Баерн има соочувања со Баер Леверкузен, Менхенгладбах, Вердер, Фрајбург и Волфзбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни