Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дортмунд се огласи со порака по болниот пораз од ЛШ: Фудбалот не е бајка…

Објавено

на

foto: x.com/BVB

Бундеслигашот Борусија Дортмунд не успеа по вторпат во својата историја да дојде до пехарот во Лигата на шампионите, пат на кој овојат му застана Реал Мадрид кој славеше на „Вембли“ со 2-0.

„Милионерите“ не ги искористија своите шанси, па во вториот дел беа казнети за тоа од „кралевите“ кои едноставно знаат како се добиваат овие мечеви.

Ова е болен пораз за Борусија, втор во период од една година ако се земе предвид дека минатата година останаа без трофејот во Бундеслигата откако во последното лигашко коло загубија од Мајнц.

Од Дортмунд се огласија на социјалните мрежи со порака која е наменета за навивачите.

-Фудбалот не е бајка и нема секогаш среќен крај. Нашата приказна продолжува и не можевме без ваша поддршка.Нашиот чудесен жолт ѕид низ се. Ви благодариме, порачаа од германскиот провлигаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни