Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд не знае за победа надвор од „Сигнал Идуна Парк“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/BVB

Борусија Дортмунд и во шестиот обид не успеа да дојде до првата гостинска победа во Бундеслигата во актуелнава сезона или поточно овојпат освои бод во соочувањето со Борусија Менхенгладбах.

Имено „милионерите“ надвор од својот дом „Сигнал Идуна Парк“ од вкупно 18 поени имаат освоено само 2 од кои едниот е овој вечерашниот. Дортмунд го отвори резултатот во 65 минута со голот на Гитенс, ама оваа радост кратко траеше затоа што Штогер во 71 беше прецизен од белата точка со што воедно ги постави и конечните 1-1.

Избраниците на Шахин се на петтата позиција со 21 бод, Менхенгладбах со 18 го држи единаесеттото место.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни