Поврзете се со нас

Англија

Дортмунд мерка играч на Ливерпул

Објавено

на

Германскиот бундеслигаш, Борусија Дортмунд е заинтересиран за членот на англискиот прволигаш Ливерпул, Наби Кеита.

Кеита веќе е во последната година од договорот со „црвените“ и веќе од јануари ќе може слободно да преговара со клубовите за слободен трансфер. „Билд“ пренесува дека „милионерите“ го посакуваат Кеита кој добро ја познава Бундеслигата со оглед на тоа што две години го носеше дресот на РБ Лајпциг.

Репрезентативецот на Гвинеја има доста проблеми со повреди во оваа сезона и одигра само пет минути против Манчестер Сити во Комјунити Шилд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни