Германија
Дортмунд чисто реши уште еден предизвик пред дербито со Баерн (ВИДЕО)
Екипата на Борусија Дортмунд минатата седмица со убедливи 4-0 го реши рурското дерби со Шалке 04, а дека таа убедлива победа не беше случајна покажа денеска со чистиот триумф од 2-0 на гостувањето кај незгодниот Волфзбург.
„Милионерите“ во вистински време успеаа да ја затресат мрежата на противникот, по еднаш во двете полувремиња и со тоа да дојдат до 17 сезонски трумф. Португалецот Гереиро го отвори резултатот во 32 минута што беше негов трет погодок по враќањето на фудбалот во Германија.
Овој резултат беше активен до 78 минута кога Хакими на асистенција на Санчо ја затресе мрежата на домаќините за потврда на трите бода.
Сега Дортмунд е на еден бод од лидерот Баерн кој во вечерниот термин од 18:30 часот го пречекува Ајнтархт Франкфурт. Да не заборавиме токму во наредното коло Борусија е домаќин на баварците, меч кој може да даде одговор за тоа каде може да заврши овогодинешната титула.
На останатите дуели Баер Леверкузен како гостин го доби Борусија Менхенгладбах со 3-1, Вердер дојде до значаен триумф против Фрајбург, додека Падерборн и Хофенхајм ги поделија бодовите (1-1).
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА24 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Италија10 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)