Поврзете се со нас

Свет

Доривал Жуниор заработи отказ, Бразил ќе добие нов селектор

Објавено

на

foto: x.com/CBF_Futebol/Rafael Ribeiro

Селекцијата на Бразил пред неколку дена доживеа болен пораз од Аргентина од 4-1 во квалификациите за Светското првенство, пораз кој донесе акција на фудбалската федерација на оваа земја која одлучи да се раздели со селекторот Доривал Жуниор.

„Кариоките“ покажуваа многу слабости под водство на искусниот стратег, тимот немаше никаква хемија и најдобра потврда за тоа се само седумте остварени победи на 16 натпревари на кои тој го водеше националниот тим.

Поразот од Аргентина беше последната капка која ја прели чашата и Доривал повеќе не е предводник на петкратниот светски шампион.

Веднаш е започната потрагата по наследникот и веќе се споменуваат имињара на Жорже Жезус и Абел Фереира.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни