Поврзете се со нас

Балкан

Дориан Бабунски се врати во Европа, ќе игра во нашето соседство

Објавено

на

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски ја заврши својата азиска приказна и се врати во Европа каде ќе настапува во нашето соседство во тимот на Ботев Враца.

Бугарскиот прволигаш информираше дека напаѓачот ќе почне да тренира со клубот, ќе настапи на тестот против ЦСКА, односно нареднава недела треба да ги мине лекарските прегледи и со тоа да се официјализира трансферот.

Дориен во младинските категории играше за Реал Мадрид, меѓутоа сениорската кариера не му се развива баш најдобро, па така досега настапуваше за Фуенлабрада, Олимпија Љубљана и Радомлје за да потоа започне епизодата во Јапонија.

Ботев Враца со 15 бода се наоѓа на 10 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни