Поврзете се со нас

Шпанија

Дополнителни проблеми за Зидан: Реал остана без клучен играч за тешкото гостување во Баскија

Објавено

на

Реал Мадрид успешно ја заврши мисијата Гранада и со тоа ги задржа шансите да ја одбрани титулата во Ла Лига, но време за одмор нема и веќе во недала „кралевите“ имаат нов гостински предизвик, битка против Атлетик Билбао.

За ова незгодно гостување на „Сан Мамес“, тренерот Зинедин Зидан нема да може да смета на еден од најважните играчи Тони Крос. Крос имал контакт со лице кое било позитивно со КОВИД-19 и одреден период ќе мине во изолација иако неговите тестови се негативни.

Германецот сигурно ќе биде во „аут“ за средбата со Билбао, а во таборот на Реал се надеваат дека ако се биде како што треба тој би можел да биде спремен за последниот лигашки натпревар против Вилјареал.

Клубот од „Бернабеу“ на две кола до крајот е на втората позиција со два бода помалку во однос на лидерот Атлетико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни