Поврзете се со нас

Европски првенства

Дополнителни проблеми за Куман: Холандија може да остане без уште еден клучен играч за ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/OnsOranje

Холандија дефинитивно нема да може да смета на услугите на Френки Де Јонг за престојното Европско првенство што секако е голем удар за амбициите на оваа селекција, но сега има уште еден нов проблем кој може да донесе дополнителни главоболки за селекторот Роналд Руман.

Имено на вчерашниот меч против Исланд не настапи ѕвездата на Аталанта, Тен Копмајнерс и тоа поради проблем со мускулот. На загревањето пред натпреварот Копмајнерс се пожалил на повреда и сега ќе има дополнително медицински тестови кои ќе утврдат дали фудбалерот од средината на теренот ќе биде во можност да настапи во Германија.

Ако отпадне од комбинација тоа ќе биде нов хендикеп за „лалињата“ кои пред Де Јонг на средината на теренот го загубија и Мартен Де Рон.

Куман жестоко ја нападна Барселона за „случајот Де Јонг“: Ја плаќаме цената поради нив

Холанѓаните се во група со Франција, Австрија и Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни