Поврзете се со нас

Англија

Дополнителен проблем: Јунајтед остана без уште еден дефанзивец

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед има тежок старт на новата сезона, а во тоа улога имаат повредите, но и некои други ситуации поради кои се недостапни играчи како што се Џејдон Санчо и Антони.

На листата на фудбалери кои се во „аут“ сега е и дефанзивецот Арон Ван Бисака што дефинитивно е удар за екипата и менаџерот Ерик Тен Хаг кој веќе не може да смета на бековите Лук Шо и Тајлер Маласија.

Ван Бисака се повреди на мечот со Брајтон на кој влезе како резерва во 85 минута и „Атлетик“ пренесува дека паузата може да биде дури осум недели.

Ако на ова се додадат отсуствата на Варан, Маунт, Амрабат тогаш јасно е дека Тен Хаг ќе има тешка задача во наредниов период.

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Клубот од Манчестер во оваа седмица има две гостувања, кај Баерн во Лигата на шампионите и потоа кај Барнли во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни