ВТА
Допинг скандал го потресе светскиот тенис: Халеп суспендирана поради недозволени супстанци (Фото)

Симона Халеп е далеку од формата која беше најдобра светска тенисерка од периодот во 2017 до 2019-та година, но во обидот кога цели да се врати на врвот, стана дел од голем допинг скандал кој сега може предвреме да ја заврши нејзината кариера.
Двократната грен слем шампионка како деветторангираната на ВТА листата од денеска е суспендирана од професионалното играње тенис, а причина за тоа е што имала позитивен допинг тест на последното издание на Ју-Ес Опен во месец август.
Романката била позитивна на лекот против анемија Роксадустат, а бидејќи истиот е на црната листа на ВАДА, таа експресно е суспендирана од страна на меѓународната агенција за интегритет во тенисот.
Во своето обраќање кое го имаше на социјалните мрежи, Халеп нагласи дека се чувствува комплетно збунето и издадено поради тоа што била пронајдена минимална количина од лекот во нејзиниот организам, но тврди дека таа е невина и ненамерно го внела истиот.
Халеп потенцира дека сега пред нејзе следи најголемата борба во животот, односно борбата за вистината која ќе се обидува да ја докаже пред Судот за Спортска Арбитража и слични инстанци во спортот.
— Simona Halep (@Simona_Halep) October 21, 2022
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција