Поврзете се со нас

НБА

Донован ќе ги води „биковите“ од Чикаго

Објавено

на

Доскорешниот предводник на Оклахома Сити Тандерс, Били Донован е именуван за нов тренер на екипата на Чикаго Булс.

Донован во изминативе пет години со успех ја водеше Оклахома, тим на кој редовно му обезбедуваше пласман во плејофот и покрај сите потези, заминување на важни играчи од тимот.

Поради тоа за многумина беше изненадување што тој си замина од Тандерс по пресметката со Хјустон Рокетс во првата рунда на Западот, битка во која Оклахома беше голем аутсајдер на хартија, ама одигра машки и загуби од „ракетите“ дури во мајсторката.

Били како слободен агент имаше можност да ја разгледа ситуацијата на пазарот, да ги разгледа понудите за да на крајот се одлучи да му каже „да“ на Чикаго. „Биковите“ во последниве години се меѓу најлошите во НБА лигата и тоа новиот тренер ќе треба да ги поправи.

Чикаго за 55-годишниот стратег ќе биде втор клуб во НБА лигата, дополнителни детали за договорот не беа објавени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни