Македонија
Донесена е конечна одлука: Тиквеш и Воска ќе играат во Струмица

Бараж натпреварот за пласман во Првата лига меѓу Тиквеш и Воска Спорт ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.
Ова е последната вест која ја објави ФФМ, а доаѓа по состанокот со Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично дуелот беше закажан за во Прилеп, потоа атрактивноста на мечот беше префрлен во Скопје на што имаше реакција од клубот од Кавадарци за да на крајот истиот биде закажан за 22. мај од 17:00 во Струмица.
Бараж натпреварот за Прва МФЛ меѓу екипите на Тиквеш и Воска ќе се одигра на 22. мај во 17:00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.
На зеднички состанок на Комисијата за безбедност и Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) беше донесена одлуката за одредување на стадионот за одигрување на натпреварот.
ФФМ преку Комисијата за безбедност испрати допис до МВР со барање информации во делот на преземање на безбедносни мерки за се одигра во најдобар ред бараж мечот Тиквеш – Воска и Комисијата за натпреварување ќе постапи согласно добиените информации.
Како Фудбалска федерација на Македонија упатуваме благодарност до Министерството за внатрешни работи за конструктивната соработка како што била и досега.
Веруваме дека со применување на прописите и почитувањето на превентивните мерки од надлежните институции и тела се гарантира вистински фудбалски спектакл.
Фудбалската федерација на Македонија ќе направи сѐ што е во надлежност на федерацијата, двата бараж натпревари да се одиграат во спортска, фер и коректна атмосфера.
Нѐ радува тоа што интересот на публиката за овие натпревари е огромен. Тоа потврдува дека сме на вистинскиот пат.
Фудбалот победува, -се вели во соопштението на ФФМ.
-
Англијапред 16 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 8 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 17 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 7 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 15 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 15 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски