Донесе одлука: Де Роси останува во Италија и ќе игра против својата Рома

derossi1

Искусниот Даниеле Де Роси кој наредниот месец ќе го прослави својот 36 роденден донел одлука во однос на следниот чекор во кариерата.

Поранешниот репрезентативец на Италија не доби нов договор од Рома, па долго се шпекулираше кај ќе заврши, односно како потег ќе повлече и се посочуваа Аргентина (Бока Јуниорс) и Соединетите Американски Држави (ЛА Галакси, ФК Лос Анџелес) како можни негови дестинации, но според „Скај Спорт Италија“ и реномираниот новинар Џанлука Ди Марцио, големиот борец донел одлука да остане во својата земја и да договори ангажман во Серија А.

Финансиите за Де Роси се во втор план, поточно сака да најде интересен проект. Ова воедно ќе значи дека тој ќе се сретне со неговата Рома, клуб во кој ја мина целата досегашна кариера, но ветеранот не смета дека тоа е предвоставо со оглед на тоа што „волчицата“ го отфрли.

Facebook Коментари