Поврзете се со нас

Германија

Донел одлука: Талентираниот Шешко го избрал клубот во кој ќе настапува во новата сезона

Објавено

на

foto: x.com/RBLeipzig

Репрезентативецот на Словенија, Бењамин Шешко донел одлука за својата иднина, клубот во кој ќе настапува во натпреварувачката 2024/2025.

Шешко важи за еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа и светот, играч од кого допрва се очекува најдоброто, а тоа го знаат доста клубови кои во изминатиов период го меркаа и сакаа да го доведат во своите редови.

Членот на РБ Лајпциг размислуваше и на крајот пресече најмалку уште една година да остане во актуелната средина. Фабрицио Романо информира дека голгетерот ќе добие нов договор со подобри услови во кој ќе има џентлменски договор за трансфер во иднина.

Ова е сличен случај со оној на Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд во 2021 година кога тој остана на „Сигнал Идуна Парк“ за да година подоцна заврши во Манчестер Сити.

Големи се шансите и Шешко да заврши во Премиер лигата во 2025 година, меѓутоа допрва ќе добиеме одговор на тоа прашање.

Актуелниот договор со „биковите“ му завршува на 30 јуни 2028 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни