Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ заработува милиони, но користи телефон од пред 20 години (Фото)

Објавено

на

По елиминацијата во воведната рунда во плејофот и разочарувањето во НБА лигата, Лука Дончиќ и се стави на располагање на словенечката кошаркарска репрезентација и ги започна подготовките за Олимписките игри, но сега дел од неговите соиграчи во селекцијата го ставија во прв план поради една активност надвор од терените.

Американските медиуми веќе најавија дека Дончиќ набрзо ќе добие нов договор „тежок“ 200 милиони долари, но иако заработува многу пари во САД, Лука веќе се има докажано како доста скромно момче во приватниот живот.

Доказ за тоа е и последното стори на Инстаграм од страна на негов добар пријател од репрезентацијата, кој реши да го истрола Дончиќ поради телефонот кој го користи за време на собирот.

Во денешно време, незамисливо е да се замисли голема ѕвезда која не користи „смарт телефон“, но тоа не важи и за Лука кој очигледно користи еден стар модел на „Нокија“.

Објавата на Лука Рупник брзо стана вирална бидејќи тој иронично порача дека Дончиќ користи „Ајфон 13 про“, а фановите експресно почнаа да споделуваат комични коментари на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни