Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ доби прашање што ќе прави со парите од страшниот договор кој го потпиша

Објавено

на

Фото: REUTERS/Borut Zivulovic

Градот Љубљана се најде во центарот на вниманието на цела кошаркарска јавност во текот на вчерашниот ден, од едноставна причина што еден од најбогатите договори во историјата на овој спорт беше потпишан токму во Словенија.

Марк Кјубан, Дирк Новицки и Џејсон Кид пристигнаа во татковината на Дончиќ со цел да ги договорат сите документи околу договорот со големата НБА ѕвезда, кој на крајот бил потпишан во хотелот во кој престојувала експедицијата на Далас Маверикс.

Лука беше награден со петгодишен договор вреден неверојатни 207 милиони евра, а дека станува збор за навистина неверојатна и стратосферска сума призна и симпатичниот Дончиќ, кој на пресот нагласи дека не знае што ќе прави со толку многу пари.

– Тоа се навистина многу пари. Како што реков, не очекував да добијам вакво нешто. Износот е навистина многу голем и не размислив како ќе ги потрошам и што ќе купам. Се уште се обидувам да процесирам што се случи и каков договор потпишав, – порача Дончиќ откако беше запрашан како ќе се справи со толку голема сума.

– Мене ме прави горд што луѓето од Далас дојдоа тука во Љубљана за да се потпише договорот, тоа е неверојатно. Тоа само говори за какви луѓе станува збор. Многу сум благодарен и среќен што направија да потпишам договор во мојата Љубљана, – изјави Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни