Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ за историја: Лука ја прегази Аталанта и постави многу рекорди со бројот на поени

Објавено

на

Лука Дончиќ одигра натпревар за паметење и историја, предводејќи го Далас до победа на гостувањето кај Атланта.

Словенечкиот кошаркар постигна 73 од 148 поени на својата екипа, која на крајот го доби натпреварот со резултат 143:148.

Лука постави нов рекорд на Далас уште во првото полувреме кое го заврши со 41 поен, ефект со кој го надмина досегашниот рекордер Дирк Новицки (34 поени), истовремено најавувајќи и застрашувачки скор до крајот на средбата.

Ѕвездата на Маверикс броеше до 73 со шут 25/33 и со тоа го собори личниот, рекордот на Далас, како и рекордот за најмногу поени сезонава (Ембид постигна 70 поени).

Дончиќ се израмни со Дејвид Томпсон и Вилт Чембрлен на четвртото место на вечната листа на кошаркари со најмногу поени на еден натпревар (повеќе имаат постигнато само Коби Брајант и Чембрлен). Воедно, тој е првиот европски кошаркар кој постигнал 70 или повеќе поени на НБА натпревар.

Интересно е што Атланта реши да игра ,,фластер” на Словенецот во последните десет минути, па Дончиќ поретко беше во ситуација да поентира, нешто што го потврдува фактот дека имаше 65 поени на десет минути до крајот.

Грин со 21 поен беше вториот најдобар реализатор кај Далас, додека Јанг постигна 30 поени во домашниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни