Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дончиќ во свој стил: Грција ја почитуваме, ама ние имаме јасна цел

Објавено

на

foto: x.com/FIBA

Словенија со учинок 1-1 ја заврши првата фаза на олимписките квалификации што се играат во Атина, резултат доволен да се освои второто место кое води на полуфинално соочување со Грција.

Тоа дефинитивно ќе биде голем тест, предизвик за Словенците, но Лука Дончиќ како лидер на групата верува дека соодветно ќе одговорат на теренот.

-Ги разочаравме навивачите во Словенија кога беше во прашање дуелот со Хрватска, но успеавме да им ја вратиме насмевка на лицата против Нов Зеланд. Сега следуваат натпреварите за одлука, нема повеќе право на грешка, ако сакаме, а сакаме да стигнеме до Олимписките игри. Подготвени сме за нокаут фазата.

-Грција има одличен тим, Грција не е само Јанис, напротив. Ќе има голема поддршка од навивачите, но ќе повторам. Дојдовме во Атина за да избориме место во Париз. Затоа, целта против Грција е јасна. Мораме да бидеме на исклучително високо ниво од почеток до крај. Дополнителен мотив и за нас ќе биде атмосферата во салата, -порача ѕвездата на Далас Маверикс.

Средбата Грција-Словенија е закажана за утре од 16:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни