НБА
Дончиќ свесен дека не ги исполнува очекувањата: Зарѓан сум, но горд сум што играм за Лејкерс

Лука Дончиќ се уште ја бара својата најдобра форма по паузата која ја имаше поради повреда, но работите станаа доста посложени за него бидејќи се адаптира на нова средина и на нови соиграчи.
Словенецот се уште се бара себеси во редовите на Лос Анџелес Лејкерс и рано утрово одигра навистина лош меч за свои стандарди, за што говори и статистиката која вели дека Лука погоди само една тројка од девет обиди.
Дончиќ постигна 14 поени во натпреварот во кој загуби и шест топки, по што и самиот посочи дека се чувствува доста „зарѓано“ по враќањето на терените.
– Очигледно е дека ми е потребно уште малку време, на мене, но и на целиот тим. Се навикнуваме еден на друг. Зарѓав во последно време после се она што се случи, овојпат го започнав мечот со четири или пет загубени топки, нешто што на ова ниво е недозволиво. Немам право на изговор, морам да почнам да играм кошарка на вистински начин.
– Нозете се уште не ми се во најдобра состојба, тоа ме мачи, но оди на подобро од ден во ден. Моментално се радувам на секој нареден меч, среќен сум што играм за Лејкерс. Ова е еден од најголемите клубови во светот, потребно ми е уште малку време, но горд сум што ги бранам овие бои, – вели Дончиќ.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)