Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дончиќ стана третиот кошаркар во историјата со трипл-дабл на олимписки натпревар

Објавено

на

Словенија беше блиску, но не успеа да обезбеди финале на кошаркарскиот олимписки турнир, па на Лука Дончиќ и неговите соиграчи од националниот тим им останува да се фокусираат на бронзените медали.

Дончиќ немаше шутерски ден, откако не можеше да погоди ништо во второто полувреме, но затоа конечно комплетираше трипл-дабл учинок.

На претходните натпревари му недостасуваа по некој скок или асистенција, но против Франција НБА ѕвездата имаше двоцифрен учинок во трите статистички категории.

Дончиќ го заврши натпреварот со 16 поени, 10 скокови и 18 асистенции, со што стана само третиот кошаркар во историјата кој стигнал до трипл-дабл на натпревар од Олимписките игри.

Претходно, тоа го направиле само Александeр Белов во Монтреал во 1976 година и ЛеБрон Џејмс во Лондон, во 2012 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни