Поврзете се со нас

Евролига

Дончиќ со вулгарен речник ја проследи драматичната „Ел Класико“ победа на Реал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Барселона ги доби последните пет дуели против Реал Мадрид, но сепак кога беше најпотребно, „кралскиот клуб“ се покажа во најдобро светло и со пресврт оствари победа на најважниот меч оваа сезона.

„Кралевите“ победија во полуфиналето во Белград и се пласираа во големото финале во Евролигата, откако во драматичната „Ел Класико“ пресметка на крајот славеа со 86:83.

Тимот од Мадрид ќе се бори за нов трофеј во најважното кошаркарско натпреварување на стариот континент, но покрај еуфоријата во престолнината, оваа победа донесе радост и во Америка.

Медиумите од Далас пренесоа дека Дончиќ последниот тренинг го минал гледајќи го полуфиналето на својот таблет, а тоа можеше да се заклучи и од неговите Инстаграм сториња.

Последното по победата донесе и вулгарен речник, бидејќи Лука како прав мадридиста не бираше зборови по големата победа.

– Ајдееее еб.чииии, какви мадиња….. Напред Мадрид и ништо повеќе, – порача Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни