Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ со урнебесна гестикулација долови дека има очи и на задниот дел од главата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ имаше нова историска партија и стана првиот играч во НБА кој испорачал биланс од над 45 поени и 15 асистенции на два натпервари, а Словенецот тоа го направи во период од неколку месеци.

По импресивниот учинок против Феникс, Дончиќ повтори нешто слично и рано утрово во пресвртот против Орландо, па во завршницата од мечот беше навистина расположен и со своите гестикулации на теренот.

Дончиќ испорача една од последните асистенции до Дерек Ливли кој моќно заби и постигна поени, а еуфоријата кај Мавериски направи да видиме и урнебесна реакција од Лука.

Словенецот навистина добро го разигрува совјот тим во последно време и не се потпира само на своите шутерски квалитети, па утрово се обиде да долови дека ги гледа сите соиграчи кои се во подобра позиција од него.

Дончиќ го заврши мечот со точно 15 додавање и 45 постигнати поени, а само еден скок го делеше од трипл-дабл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни