Поврзете се со нас

Евролига

Дончиќ со легендарен одговор за споредбите со атракцијата на Теодосиќ: Не бев ни роден кога…

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ го пропушти натпреварот на Далас против Њујорк поради повреда на зглобот, а тоа му овозможи да има повеќе време и за случувањата на европската кошаркарска сцена.

Словенецот очекувано не заборава на возбудувањата во Евролигата, а не пропуштил да го искоментира атрактивниот потег на Милош Теодосиќ, кој српскиот репрезентативец го направи на дуелот меѓу Милано и Црвена Звезда.

Додавањето на Теодосиќ до Дејан Давидовац се претвори во атрактивна асистенција и еден од најубавите потези сезонава во Евролигата, а еден специјализиран кошаркарски профил на социјалните мрежи го спореди со додавањата кои Лука Дончиќ ги испорачува во НБА лигата.

Словенецот реши да одговори во свој стил, потенцирајќи дека работите се малку поинакви.

– Не бев ни роден кога тој правеше вакви потези, – одговорил Дончиќ на „Икс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни