Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дончиќ со една одлука ја израдува цела Словенија: Лука е симбол за кошаркарска легенда во родната земја (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ имаше тежок пат до финалето во НБА лигата и играше повреден во серијата против Бостон, па токму поради тоа неизвесен беше неговиот статус за квалификацискиот турнир за Париз.

Словенија ќе игра квалификации за Олимписките игри и ќе треба да избори виза во конкуренција на Грција, Хрватска, Нов Зеланд, Доминиканска Република и Египет, но патот сигурно ќе биде полесен со најдобриот играч во тимот.

По многу шпекулации, Дончиќ денеска се приклучил на националниот тим и уште еднаш покажа дека словенечкиот дрес го гледа како светост, без оглед на физичката состојба.

Олимпискиот квалификациски турнир е на програмата од 2-ри до 7-ми јули, а Дончиќ се приклучува десет дена порано со цел да одигра и барем еден подготвителен меч.

Словенечката кошаркарска Федерација со огромно задоволство потврди дека Лука се приклучил во хотелот на репрезентацијата, па оваа вест секако стана топ тема во Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни