Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ со брилијантно издание го реши Хјустон, познати се паровите за четвртфиналето НБА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/NationMffl

Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ го имаше најдоброто издание на натпреварите кои рано утрово се одиграа во НБА или поточно во новото натпреварување Купот или „In-Season Tournament“.

Далас нема да продолжи понатаму во истото, но тоа за Дончиќ не беше проблем да експлодира и го суреди составот на Хјустон Рокетс. Лука беше незадржлив и испорача 41 поен со 9 скока, 9 асистенции и притоа не загуби ниту една топка, односно му овозможи да Далас да слави со 121:115.

Покрај него мора да се истакне и Ирвинг со 27 кошеви, двоцифрени беа уште Егзум, Хардавеј Џуниор и Џонс Џуниор.

Кај „ракетите“ продолжи да блеска турскиот центар Шенгун со 31 поен на кои придодаде 9 скока и 6 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Чикаго 124-97
Бруклин – Торонто 115-103
Кливленд – Атланта 128-105
Мајами – Милвоки 124-131
Њујорк – Шарлот 115-91
Минесота – Оклахома 106-103
Далас – Хјустон 121-115
Сакраменто – Голден Стејт 124-123

Инаку веќе се познати четвртфиналните парови во НБА Купот и тоа се следниве:

ЛА Лејкерс-Феникс Санс

Сакраменто Кингс-Њу Орлеанс Пеликанс

Милвоки Бакс-Њујорк Никс

Индијана Пејсерс-Бостон Селтикс

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни