Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дончиќ шокиран од својата статистика по потопот од Хрватска: Ова е ужасно!

Објавено

на

Foto:x.com/kzs_si

Словенија на најлош можен начин го стартуваше квалификацискиот турнир за Олимписките игри и доживеа кошаркарска лекција од Хрватска, па сега патот за Париз изгледа уште потешко за Словенците.

Хрватска со победа против Нов Зеланд ќе добие на хартија полесен противник во полуфиналето, додека Словенија мора да ја победи оваа селекција за да заврши како втора во оваа група, што значи дека би играл против првиот од другата група на турнирот во Пиреја.

Словенија немаше решение за добрата тимска игра на Хрватска и поразот од 108:92 најдобро ја отсликува разликата на вчерашниот меч, на кој разочарувачки лош беше и Лука Дончиќ.

И покрај тоа што го заврши мечот како најефикасен на паркетот со трипл-дабл учинок од 26 поени, 11 скокови и 10 асистенци, шутот од игра му беше катастрофален, бидејќи Лука погоди само 8 од 23 обиди (35 посто).

– Ја видов својата статистика, го видов процентот на успешност. Тоа е ужасно, морам да играм подобро од ова. Хрватска одигра одлично, не надигра во секој елемент. Нашата одбрана не беше добра, почнувајќи прво од мене. Мора да играме многу подобро од ова, мора да имаме поголема енергија кога играме за националниот дрес.

– Чест ми е да играм за својата земја, ние сме само 2 милиони жители. За мене репрезентацијата значи се, сакам да му се заблагодарам на Далас што ми дозволи да играм набрзо по финалето. Тие никогаш немаат проблем со тоа, знаат дека секогаш сакам да играм за Словенија, – изјави Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни