Поврзете се со нас

Свет

Дончиќ се врати во националниот тим, блесна со една атрактивна асистенција (Видео)

Објавено

на

Словенија вчера победи и на вториот пријателски натпревар против Хрватска, во дуел на две селекции кои се подготвуваат за квалификациите за олимпискиот кошаркарски турнир во Токио.

Овој дуел во Љубљана беше одбележан и со враќањето на Лука Дончиќ во редовите на словенечката селекција, а иако тој постигнал само 10 поени, поделил дури 17 асистенции.

На спротивната страна, Хрватска била предводена од одличниот Марио Хезоња, кој реализирал дури 37 поени на овој дуел, што не беш доволно за позитивен резултат.

Она што како потег вреди да се издвои од соседската пресметка е една од асистенциите на Дончиќ, која веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни