Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ се врати и Далас го сруши Клиперс, Лејкерс без Леброн падна во „Медисон Сквер Гарден“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Лука Дончиќ по неколку пропуштени натпревари поради повреда се врати на терените, а со неговиот кам-бек се вратија и победите за Далас Маверикс.

Клубот од Тексас без Словенецот загуби од Феникс Санс (2) и ЛА Клиперс, но изминавата ноќ беше сосема поинаку со него и Далас успеа да го сруши клубот од Калифорнија на негов терен. Далас славеше над Клиперс со 112-104 по продолжението во дуел во кој Дончиќ реализираше 26 поени, 9 скока и 9 асистенции, додека Порзингис 30 кошево со 7 скокови.

Кај составот од Лос Анџелес за кои ова беше 8 пораз во 18 сезонски меч Џексон реализираше дабл-дабл до 31 поен и 10 скока, Џорџ застана на 26 поени и 9 скокови.

ЛА Лејкерс без услугите на суспендираниот Леброн Џејмс загуби кај Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ со резултат 106-100. „Езерџиите“ одново имаа многу проблеми во играта, не беа конзистентни, имаа доста падови и тоа придонесе уште еднаш со наведната глави да завршат меч во оваа сезона.

Шест играчи на Никс беа двоцифрени, најефикасен од нив беше Фурние со 26 поени. Залуден за гостите беше трипл-дабл учинокот на Вестбрук од 31 поен, 13 скока и 10 асистенции.

На простанатите два натпревари Мајами беше подобра од Детроит (100-92) и Портланд славеше над Денвер кој понатаму игра без најголемаат ѕвезда Никола Јокиќ (119-100).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни