Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ роденденски ги откажа Клиперс, Кливленд стопи голема негатива и го шокираше Бостон

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

Лука Дончиќ го прослави 26. роденден со 31 поен и нова победа за Лос Анџелес Лејкерс, овојпат во градското дерби со Клиперс.

Дончиќ бил најдобар реализатор за својата екипа, постигнувајќи две клучни тројки во серија во последниот период, со што овозможи Лејкерс да дојдат до позитивен резултат и покрај повредата на Ривс и отсустото на Хачимура.

Џејмс со 28 поени повторно бил на посакуваното ниво, додека во поразениот тим се истакнал Зубац со 27 поени.

Тејтум и Мичел имаа шутерски дуел на дерби пресметката меѓу Бостон и Кливленд, за на крајот гостите да стигнат до победата, во натпревар на кој првата ѕвезда постигна 41 поен.

Тејтум го заврши натпреварот со 46 поени, а одличен настап имал и Браун со 37 поени, но сепак шампионот загуби пред своите фанови. Победата на Кавалирс има уште поголемо значење ако се знае дека Бостон имаше 22 поени предност во првиот дел од средбата.

Никола Јокиќ испорача уште еден трипл-дабл со 32 поени, а неговиот Денвер славеше над Детроит, прекинувајќи ја победничката серија на домаќините.

Детроит – Денвер 119:134
Атланта – Оклахома 119:135
Бостон – Кливленд 116:123
Бруклин – Портланд 102:121
Чикаго – Торонто 125:113
Мемфис – Њујорк 113:114
Мајами – Индијана 125:120
Феникс – Њу Орлеанс 125:108
Јута – Минесота 117:116
Л.А Лејкерс – Л.А Клиперс 106:102

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни