Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ призна дека премногу се опуштил: Мора да ослабам

Објавено

на

Далас игра „топло-ладно“ од стартот на сезоната и билансот од 11 победи и 12 порази секако не е нешто што треба да ги радува фановите на Маверикси, а уште помалку играчите на тимот кои делуваат доста полошо од минатата кампања.

Иако се очекуваше да направат нов исчекор во развојот како тим, Далас засега стагнира и има огромен простор за напредок, а за тоа е свесен и најдобриот играч во тимот.

Мавериски рано утрово загубија на домашен терен од Бруклин со 99:102, па иако Лука Дончиќ беше најдобар реализатор, по средбата ги потврди гласините на критичарите поврзани за неговата физичка состојба.

НБА аналитичарите веќе некое време го критикуваат Дончиќ кој пропушти и неколку натпревари поради повреда, за сега Словенецот да признае дека премногу се опуштил по Олимписките игри и завршената напорна сезона.

Според „ЕСПН“, Дончиќ пристигнал во тренинг кампот на Далас со 117 килограми, додека негова идеална тежина за висината е околу 104 килограми.

– Свесен сум дека морам да поработам на мојата физичка подготовка и кондицијата. Имав долго лето, напорна сезона, а по Олимписките игри земав слободни три недели. Очигледно е дека се опуштив, дури и премногу. Морам да се вратам на вистински пат и да ослабнам, – порачал Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни